Поетските книги “Де профундис” од Ефтим Клетников, “Век за приказ” од Веле Смилевски, “Моите веди” од Вера Чејковска” и “Крст, триаголник и круг” од Мирјана Стојановска – Палигора, се новите дела со кои се збогатува реномираната едиција “Синтези” на Здружението за уметност и култура на живеење “Дијалог” од Скопје.
Книгите се прифатени во програмата за издавачка дејност за проекти од национален интерес на Министерството за култура и тие ќе бидат објавени до почетокот на годинашните Струшки вечери на поезијата.
“Дијалог” применува нова форма во презентирањето на книгите од оваа едиција, кои се појавуваат со секој нов број на Македонскиот книжевен гласник “Синтези”. Минатата година во едицијата “Синтези” беа објавени поетски книги од Ристо Лазаров, Весна Ацевска, Ресул Шабани и Иван Џепароски.