Mинистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска (21 февруари, четврток, 2013 година) во 11:00 часот ќе ја посети Националната установа „Танец“.
Во рамките на посетата Канческа-Милевска ќе присуствува и на промоцијата на Спомен-собата во која се изложени значајни предмети и признанија кои оваа реномирана установа ги добила во текот на својата повеќедецениска активност.