Промоција на етномузиколошка студија во Кинотека

Денеска (27 мај 2014, вторник) во 12:00 часот, во Кинотеката на Македонија ке се одржи промоција на книгата “Музиката во македонските свадбени обичаи во 21 век” од д-р Александар Димитријевски. Книгата е издание на Маска од Скопје. Книгата ќе ја промовираат Димитрије Бужаровски и Родна Величковска.

kniga book

Д-р А. Димитијевски е професор по етномузикологија на ФМУ во Скопје. Досега има објавено поголем број научни трудови и учествувал на голем број меѓународни конференции и собири. Паралелно се занимава како со етномузиколшка работа, така и со педагоска и уметничко-изведувачка дејност.

“Музиката во макеоднските свадбени обичаи во 21 век” претставува своевиден обид за сеопфатна елаборација на новите сегменти од комплексното егзистирање на македонските свадбени обичаи во нашата земја, но и длабоките траги кои се присутни во македонската музичка култура од подалечното минато до денес. Интересот за свадбените обичаи и нивната современа појавност од музички аспект е всушност интерес за еден уникатен сегмент на богатиот македонски музички фолклор.

You May Also Like