Почнувајќи од денеска (четврток, 21 февруари) на кино репертоарот на Cineplexx, љубителите на филмот ќе можат да погледнат две нови филмски остварувања.
Филмот „Лет“ со познатиот оскаровец Дензел Вашингтон во главната улога, номиниран за претстојните Оскари во категориите за најдобрар актер и најдобро сценарио, ќе почне да се прикажува на репертоарот на Cineplexx од 21 февруари.
Во оваа акција со елементи на мистериозен трилер, оскаровецот Дензел Вашингтон го игра Вип Витакер, врвен пилот кој на чудесен начин ќе успее принуднo да го приземи авионот, ќе избегне катастрофа и ќе ги спаси сите патници на летот. По авионската несреќа, Вип го сметаат за херој, но
всушност по настанот повеќе прашања отколку вистински одговори испливуваат на површината. Дали и кој е вистински одговорен и што навистина се случи во авионот?
„Прекрасни суштества“ е љубовна драма/фантазија со свое дејствие на југот на Америка. Филмот ја отсликува романтичната приказна за младиот пар – момчето Италу кој сака да го напушти својот роден град и неговата нова мистериозна девојка Лени. Тие заедно откриваат мрачна тајна за своите семејства, своето минато и својот град.