Постојано зборуваме за врската помеѓу мајката и бебето. Но, не смееме да заборавиме дека односот помеѓу новороденчето и таткото е од исклучителна важност…
Како таткото гради врска со бебето
Во многу семејства, читањето на детето е улога на мама. Таткото е вклучен во активностите со топка, а доколку треба да чита за малото мече Вини, малку потешко е да се убеди 🙂
Ова е стереотип. Во реалноста и двата родители би требало да му читаат на детето. Поточно, секој возрасен во домот (заедно со поголемите братчња и сестри), треба да чита детска литература од неколоку важни причини.
Ајде да видиме кои се тие:
Различните гласови
За детето е важно да слуша различни гласови, зошто полесно се привикнува на одреден глас. Замислете само, колку се важни првите зборчиња на детето. Тоа привикнува на звуците, нивниот тон и акцент. Затоа е добро, детето да слуша повеќе различни гласови. Колку повеќе членови се вклучени во читањето, толку повеќе тоа ќе почне да ве разбира вас и сите околу вас.
Мотивација
Ако мама мисли дека читањето е важно и забавно, детето ќе разбере дека тоа нешто вреди да се прави. А кога и тато, го мисли истото, малечкото ќе осознае дека, има навистина многу нешта што можат да се научат од книгите…
Литературата е особено важна за децата. Малите ги обожаваат стиховите со рима, како и волшебните приказни. Тие лесно ги учат и често користат фрази токму од книгите кои секојдневно им се читани. Ако и двајцата родители, читаат, детето побргу и подобро ќе го развие јазикот и способноста за говор.
Читањето на приказни е основен дел од градењето на блиска врска помеѓу вас и детето. Физичката близина и гушкање за време на читањето, ќе ве зближат многу.
Л.Ѓ.