Ви го претставуваме осмиот број на „Македонска ризница”. Оваа идеја на група ентузијасти денес со сигурност прераснува во шаренолик мозаик од историја, литература, уметност, документи и фотографии кои во себе го носат духот на се’ она што е македонско.
Во овој број на „Македонска ризница” ја издвојуваме соработката со Д-р Анета Светиева, како и интервјуто со Весна Ничевска Саравинова.
„Македонска ризница” постојано ги следи активностите на нашите македонисти и големи афирматори на Македонија во светот. Овој пат ви го претставуваме Шенол Сак од Турција.