Центар гo одбележува празникот на виното и на љубовта

По повод Свети Трифун и Свети Валентин, Општина Центар и оваа година традиционално (по 4-ти пат) ќе го одбележи 14 февруари – Денот на виното и Денот на вљубените.

Предвидено е во чест на празникот да биде одржан и специјален сценско- музички перформанс, насловен “Опиени од љубов, музика и вино”.

Со цел овој празник, кој е во организација на Општина Центар, да се одбележи соодветно со свечена вечер, во рамки на настанот ќе биде одржана и промоција и дегустација на нови квалитени вина од нашето македонско поднебје.

За прв пат оваа година ќе бидат промовирани и италијански вина.
Оваа манифестација ќе се одржи на 14 февруари 2013 година (четврток), во City Hall (поранешен клуб Hard Rock) со почеток во 20:00 часот.

You May Also Like