Зоран Попоски со видео проекции и перформанс во Канада, Словенија и Кина

Во текот на  месец јули, видео дела на македонскиот дигитален уметник и теоретичар Зоран Попоски ќе бидат прикажани на групна меѓународна изложба во Уметничката галерија на Универзитетот Томсон Риверс во Камлупс, во Канада, како и на 10-то издание на меѓународниот фестивал за современа уметност АРТ СТЕЈС во Птуј, Словенија, кој е дел од годинешната официјална програма на Европската престолнина на културата Марибор 2012.

На 14 јули 2012 година, Попоски ќе одржи и перформанс-предавање во уметничкиот центар Окс Верхаус во Макао, Кина. Перформанс-предавањето на Попоски е фокусирано врз теоретските основи на концептот за граѓанска уметност низ призмата на неговата повеќегодишна ангажирана уметничка пракса во јавната сфера, која опфаќа проекти презентирани на ЛЕД екрани, видео билборди, постери и билборди во Њујорк, Даблин, Скопје, …

Зоран Попоски (роден во 1974, Скопје) реализирал повеќе од 50 самостојни и групни изложби во САД, Германија, Франција, Канада, Британија, Холандија, Турција, Македонија, Куба, Порторико, итн. Магистрирал уметност во нови медиуми во Австрија. Во своите видеа, перформанси и дигитални графики, Попоски ги истражува прашањата на идентитетот, територијата и јавниот простор.

 

You May Also Like