Познатиот македонски џез-музичар и перкусионист Зоран Маџиров, за најлудата ноќ воочи 2013 година ќе има новогодишен перформанс во Бурџ Ал Араб, еден од најпознатите и најлуксузни хотели во Дубаи.
Бурџ Ал Араб со височина од 321 метар е четврт по големина хотел во светот во моментов, а важи и за едеинствениот хотел со 7 ѕвездички (иако официјално не постои таква категоризација). Изграден на вештачки остров 280 метри од познатата плажа Џумеира и е поврзан со копното преку посебен мост.
Маџиров е актуелен со неговиот последен албум „Roots of the roof: Balkano nuevo“.