По повод денот на раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, општина Бутел веќе седма година реализира Манифестација „Спомени за Борис Трајковски“.
Градоначалникот на Општина Гази Баба Тони Трајковски исто така присуствуваше на оваа манифестација, која започна со полагање на свежо цвеќе на гробот на Борис Трајковски и разлетување на 56 гулаби.
Во зградата на општина Бутел ученици од основните училишта на оваа општина, подготвија кратка приредба, а градоначалникот на општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, говореше за заедничките денови поминати со претседателот Борис Трајковски.