Утре (среда, 26 декември) во ресторанот Пелистер во Скопје, ќе се одржи промоција на новиот албум на Љубојна со наслов „ LJUBOJNA BRASS FANTASY “.
Во духот на средоземно-морската култура и со љубов, Љубојна се посветува нa македонската егејска музика, откривајќи ја и доближувајќи ја големината на една пребогата и раскошна музика до слушателот. Не за да ја обнови традицијата, туку за да го разбуди она што сите ние го носиме во себе, а тоа е „гола“, радосна музика. Ljubojna Brass Fantasy ја носи токму таа возбуда и ќе ве воздигне да танцувате по звукот на егејската труба. На албумот се сместени седум нови композиции.
Новиот албум на Љубојна е издаден под етикетата на Центар за култура – Битола и BZC (Бајро закон корпорејшн). Промоцијата ќе се одржи на 26-ти декември (среда) во ресторанот Пелистер (поранешен Дал Мет Фу) , со почеток во 12:00 часот.