Отворена изложбата во Софија на Илија Кавкалески-Кавкале

Синоќа во КИЦ на Република Македонија во Софија беше отворена првата самостојна изложба од акварели на нашиот познат уметник Илија Кавкалески-Кавкале …

Во Софија, Кавкалески се претстави со 20 дела, кои предизвикаа внимание кај посетителите на нашиот Центар во Софија. За делото и уметничкиот пат на Илија Кавкалески зборуваа директорите на Македонскиот културен Центар и Националната галерија на Македонија, Васко Шутаров и Маја Неделкоска-Брзанова, како и Љупчо Маленков, виш кустос. Проектот е целосно подржан од нашето Министерство за култура.

Илија Кавкалески е роден е во Прилеп во 1932 г. Завршува Училиште за применета уметност во Скопје во 1953 и дипломира на Факултетот за применета уметност во Белград во 1957 година. Во својата долга професионална кариера работи и како сликар – конзерватор на икони, а бил доцент на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во насоките по конзервација и реставрација.

Член на Друштвото за ликовни уметници на Македонија, а во 2004 г. и член на Уметничкиот совет на Друштвото на ликовните уметници. Има реализирани бројни самостојни изложби низ Македонија и Словенија и е добитник на бројни ликовни награди за своето творештво.

You May Also Like