Заврши снимањето на филмот „Пресуда“

Продукцијата Сектор Филм од Скопје информира дека на 20 декември 2012 година во градот Штендал, Саксонија-Анхалт, Германија се сними последната клапа од долгометражниот игран филм „Пресуда“, бугарско-германско-хрватско-македонска копродукција по сценарио и режија на Стефан Командарев.

Покрај актерските ѕвезди Асен Блатечки од Бугарија и Мики Манојловиќ од Србија, земаа учество и македонските актери Мето Јовановски и Луран Ахмети од Македонија.

Дејството на филмот се базира на главниот лик Митјо (Блатечки), кој е принуден да изврши работи за кои не успава да си прости до крајот на животот. Како млад пограничен војник на бугарската граница бил принуден да изврши убиство на млад пар од Источна Германија, во обид на бегство кон Турција.

Денес Митјо е повторно на истата граница, но овој пат работи од спротивната страна, помагајќи им на емигрантите од Турција да пребегнат во Европска Унија.

Реализацијата на овој проект беше предизвик за актерите и екипата од секаков аспект. Цврсто решени,тие работеа со часови на исклучително тешките услови, дури студот и поројните дождови не можеа да го спречат снимањето на филмот, кој започна со снимање на 28 октомври 2012, се одвиваше седум недели во Бугарија и веднаш потоа продолжи уште една недела во Германија.

Филмот е поддржан од Филмскиот Фонд на Република Македонија, Bulgarian National Film Center, MDM Film Commission и Medienboard Berlin Brandenburg, Croatian Audiovisual Center и EURIMAGES.

You May Also Like