Овој настан се одржува еднаш годишно во Порторож и се состои од богата и разновидна програма исполнета со предавања од страна на признати меѓународни професионалци и светски ѕвезди во рекламната индустрија.
На 21 издание на најголемиот адвертајзинг фестивал на Нова Европа „Голден Драм”, кој заврши минатата недела во Порторож, Публицис Македонија доби злато и сребро, и е единствената агенција од Публицис групацијата што добила награда на овој фестивал годинава.
Исто така во неофицијалниот дел од фестивалот во натперварот за Beat the Drum for Change Award, тимот на млади креативци од Публицис добија сребро за идејниото решение за кампања за унапредување на глобалната едукација.
Публицис Македонија доби Злато („Golden Drum”) во категоријата Односи со јавност, Alzheimer’s News Editors реализиран за Националниот институт за неврологија, како и сребро за истиот проект за Медиумска кампања. Зад идејните решение стои креативниот тим кој го сочинуваат Василије Ќорлука, Дејан Спирковски и Милан Стојанов, како и поширокиот агенциски тим.
Проектот е резултат на исклучителна соработка, помеѓу Публицис и трите национални весници Дневник, Нова Македонија и Вечер, како и на најголемите ТВ станици, МТВ, Сител, Канал 5, Алсат и Алфа, со чија помош се имплементира креативен концепт и притоа само за еден ден се информира 68% од вкупната популација. Проектот за Националниот институт за неврологија е реализиран без медиумски буџет, на светскиот ден за борба против алцхајмер.
Golden Drum е реномиран интернационален адвертајзинг фетивал кој своето прво издание го имаше во 1993 година. Одтогаш па се до денес успеа да се издигне во најголем и најважен фестивал во регионот кој на едно место ги обединува креативноста на маркетинг агенциите и различните култури од повеќе земји од Нова Европа (Австрија, Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Република Чешка, Египет, Естонија, Финска, Грузија, Грција, Унгарија, Израел, Казахстан, Косово, Киргистан, Латвија, Либан, Литванија, Малта , Македонија, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Турција, Таџикистан, Туркменистан, Украина и Узбекистан).