Поетесата Слаѓана Атанасова на фестивал во Киев

На фестивалот ќе учествуваат поети од повеќе земји САД, Велика Британија, Велс, Израел, Естонија  Шкотска , Бугарија, Полска, Холандија, Шведска, Јапонија…

slagana_atanasova

Поетесата Слаѓана Атанасова  ќе настапува на Меѓународниот поетски фестивал во Украина “Тера поетикa”, кој ќе се одржи на 19- 25 октомври во три градови во Украина:  Киев, Житомир, Ривне.

Отворање на фестивалот е во Националниот академски драмски театар Иван Франко. Читањата во Киев ќе се одржат во националниот универзитет Тарас Шевченко, каде што поетите ќе бидат поздравени од министерот и представници на министерството за надворешни работи  на Украина . Во Киев ќе се одржат две сесии на креативно пишување, читање  и дискусија на Универзитетот Борис Гринченко. Додека  во Ривне читањата ќе бидат во Драмскиот театар како и во националната ,,Острог академија ” каде поетесата Слаѓана Атанасова ќе има средба и читања пред студентите од  универзитетот.

Покрај поети од целиот свет, на фестивалот ќе  учествуваат и национални композитори, продуценти, хорови, професионални уметнички и актерски групи.
Меѓународниот поетски фестивал “Тера поетика” има цел да отвори  фаза на најновите трендови во украинската  и светската литература, да се потенцираат современите книжевни процеси во аспект на синтеза на уметноста, да ја покаже поезија во глобалниот опсег на метафори, да го покаже  лирскиот  и емоционалниот пресврт во литературата, дијалогот на културите, на традициите и уметничките експерименти.
Атанасова својата поезија ќе ја представи на англиски, украински и македонски јазик.

You May Also Like