Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари, како и студенти на Факултетот за Музичка уметност во Скопје.
Утре (18 октомври 2014 година,сабота), со почеток во 11:00 часот, Градскиот дувачки оркестар ќе одржи параден концерт во ценралното градско подрачје, односно од Музеј на Град Скопје до паркот Жена борец. Концертот ќе трае околу еден час, a ќе биде изведена следната програма:
– Младинска чекорница
– Вардаре македонски
– Патриотска чекорница
– Дикси парада
– Вашингтон пост марш
– 3.Македонска бригада
– Огномет на слободата
– Во спомен на Ваташа
– Работнички
– За сите деца
Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари, како и студенти на Факултетот за Музичка уметност во Скопје.