Богат петок на Бит Фест

Денеска (петок, 17 август, 2012) на Бит фест продолжува детскиот музички фестивал „Тра-ла-ла“, ќе биде отворена изложба посветена на холокаустот,  а вечерта финишира со концерт на пијано-дуото Џорлева-Потевска.

Во хотелот „Молика“ со почеток во 12:00 часот ќе се отвори изложбата „Нови сведоци на холокаустот“ во организација на Центарот на холокаустот на Евреите на Македонија, Еврејската заедница и Јадва Сем Музеј од Израел. Во хотелот, веќе две недели твореше група уметници составена од академски сликари од Македонија кои преку своите дела ќе порачаат никогаш да не се повтори трагедијата од минатото.

Втората вечер од 13 интернационален  детски музички фестивал „Тра-ла-ла“ започнува во 20:00 часот на античкиот локалитет хераклеа. На неа ќе настапат деца од 14 земји од светот.

Уште еден музички настан ќе го збогати и така богатиот културен петок, а тоа е концертот на дуо-пијано Џорлева-Потевска кој ќе се одржи во Концертната сала на Заводот и Музеј во Битола.

You May Also Like