Спектакуларен концерт за Владо Јаневски на затворањето на деветтото издание на Бит Фест во Битола …
Започнувајќи на 27 јуни со мултимедијалниот проект „Камера“, вчеравечер на 29 август со спектакуларен концерт на Владо Јаневски во преполната Хераклеа и официјално беше означено затворањето на деветото издание на најдолгото и најбогато со содржини културно лето во Република Македонија – БИТ ФЕСТ.
Фестивалот го затвори покровителот на БИТ ФЕСТ – градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески, најавувајќи го незаборавниот концерт кој успешно ќе го заокружи ова издание на БИТ ФЕСТ и ќе го најави јубилејното десетто издание догодина.
Затворањето реализирано како што доликува. Добра забава, многу публика, вечер која ќе остани во сеќавањето на многумина.
Многубројната публика во амфитеатарот на античкиот локалитет Хераклеа уживаше и се забавуваше со големите хитови на Владо Јаневски. Песните исполнети со многу романтика резултираа и со едно запросување, а на идниот брачен пар многу среќа им посака и Владо Јаневски.
Фотографиите пренесуваат само дел од исклучителната атмосфера, која едноставно можеше само да се почувствува…