„Колегиум про музика“ на Охридско лето

Вечер (петок, 17 август, 2012 година) во катедралната црква „Света Софија“ од 21:00 часот концерт на класична музика ќе одржи италијанскиот ансамбл „Колегиум про музика“ под диригентската палка на Стефано Баљано.

 

 

„Колегиум про музика“ е ансамбл специјализиран за изведба на музика од 17-ти и 18 век, особено италијанска, во согласност со барокниот стил и со копии од  оригинални инструменти. Ансамблот го сочинуваат неколку од најдобрите италијански уметници, кои паралелно остваруваат интензивна концертна активност како солисти со најзначајните европски концертни институции, како и со признати барокни состави и диригенти.

Ансамблот настапувал со познати пејачи, меѓу кои и:  Ема Киркби, Роберта Инверници, Џема Бертањоли и Катрин Кинг, со виолинистката Моника Хагет и чембалистот Боб Ван Асперен. Ансамблот работи во повеќе формации, од трио до барокен оркестар. Негов уметнички директор е Стефано Баљано.

Вечер на програмата се изведби на познати дела на Телеман, Вивалди, Моцарт, Тартини.

You May Also Like