Во Матица ексклузив денес (вторник, 23 април) во 19:00 часот ќе биде отворена изложба на академик Глигор Чемерски.
Пред љубителите на уметноста познатиот уметник ќе се претстави со 36 дела – акрил и цртежи.
Изложбата ќе ја отвори академик Георги Старделов.
Со изложбата на Глигор Чемерски мултимедијалниот центар Матица ексклузив ја продолжува востановената практика да ги промовира високите вредности на македонските сликари.