(видео) Татјана Џамбазова за дигитализацијата на културното наследство на TEDx

Одличен настап и предавање на Татјана Џамбазова (сестра на нашиот познат актер и шоумен Игор Џамбазов) на еден од бројните TEDx настани.

tatjana dzambazova tedx cooltura mk

Во својата презентација Татјана Џамбазова за објаснува важноста на дигитализацијата на културното наследство во музеите низ светот. Таа живее и работи во Сан Франциско изминатите неколку години, а надвор од Македоније е повеќе од 20 години.

Работи за компанијата Autodesk Inc., а настапи на  TEDx настанот во Сонома каунти во Калифорнија. Одлична презентација која меѓудругото би била и одлична смерница за тоа каде треба да се движaт дел од македонските музеи при презентирањето на македонското културно наследство.

You May Also Like