Пуштени во продажба билетите за „Здраво млади!“

Од денеска (среда, 17 април, 2013) во продажба се пуштени билетите за третото издание на музичкиот фестивал „Здраво Млади!“. Како што веќе беше најавено, на програмата на фестивалот  се вкупно 13 бендови и изведувачи од 8 различни земји.

Програмата ја сочинуваат:
Loopstation атракцијата од Германија – Konrad Kuechenmeister;
Какафоничното лондонско машко-женско дуо Bitches;
Mакедонското гастарбајтерско електро поп дуо од Србија – Ти;
Атрактивниот дарк квартет Girls Names од Белфаст, Северна Ирска;
Меланхоличната музичка мистерија од Канада – Chinawoman;
Високозаразната исландска електро-поп формација FM Belfast;
Mакедонските рап акробати број 1 – Green Out;
Кросовер електро дуото од скопскиот андерграунд Кантон 6;
Психоделичниот surf 60’s disko punk indie post rock & more скопски бенд The John;
Домашните диџеи Game Over и Ulterior;
Kако и најновото глобално денс чудо од Америка, основополжниците на juke/footwork сцената чикашките DJ Rashad & DJ Spinn.

Фестивалот ќе се одржи во еден ден на 17 мај, на 2 фестивалски бини, едната поставена на отворено, на платото пред МКЦ, а другата во концертната „денсинг“ сала.

Билетите само денес (среда, 17.04) ќе чинат скромни 300 денари, а веќе од четврток (18.04) ќе се продаваат по цена од 400 денари и може да се набават на билетарата на МКЦ, Југотон и  1/2 Југотон.

You May Also Like