Изложба на Ана Андроска во Охрид

Во организација на Центарот за културен проток „Артерија“ денес (сабота, 27-ми април 2013 година) во Музеј “Робевци” – Охрид, ќе биде отворена изложбата “Сонувајќи со ѕвездите” на Ана Андроска, со почеток во 20:30 часот.

Ана Андроска е сликар и графички дизајнер од Скопје. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје 2006. Досега има реализирано 2 самостојни изложби: “Лајка” 2007 во отворeнотo графичко студио при Mузеј наград Скопје и „Сонувајќи со звездите“ 2012 во Национална галерија на Македонија – Чифте амам.

Повеќе информации за претходните настани на блогот на Артерија.

Изложбата ќе биде отворена до 11 мај 2013.

You May Also Like