Јубилејното 25. издание на Саемот на книгата, започнува денеска (9 април 2013, вторник) во Метрополис арената на Скопскиот саем.
На саемот на едно место ќе се најдат најголемите домашни издавачи, како и издавачите од Србија, Италија, Албанија и Шведска. На 70 штандови и на површина од 3.000 квадратни метри до 15 април ќе бидат претставени дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста…
Акцијата Подари книга, подари богатство” која веќе трета година се одржува во рамките на Саемот на книгата, ќе биде финансиски поддржана од Министерството за култура.
Саемот ќе организира и секојдневни промоции на издавачите и средби со авторите, а ќе биде можност за остварување на поблиска соработка помеѓу издавачките куќи од повеќе земји.