Денеска (09 април 2013, вторник) во 19:00 часот во “Мала црна галерија“ во Љубљана, Словенија ќе се отвори изложбата на делата од најновиот циклус „Другост“ на реномираната ликовна авторка Тања Балаќ.
Балаќ е долгогодишен носител на функцијата претседател на ДЛУМ. Таа пред љубљанската публика ќе се претстави со сосема нов и различен приод, каде што експериментира со фотогафија како медиум.