Гала балетски концерт „Прослава на танцот“

По урнекот на големите театарски куќи, следејки ги трендовите во балетската уметност на 07.12.2012 со почеток во 20:00 часот на сцената на Македонската опера и балет ќе се оддржи спектакуларен гала балетски концерт – „Прослава на танцот“.


На концертот ќе настапат најголемите балетски имиња на денешницата – Игор Колб (Русија), Јана Саленко (Германија), Мариан Валтер (Германија), Жан Филип Дури (Франција), Надја Сајдакова (Русија), Сех Јун Ким (Јужна Кореа), Роналд Савковиќ (Шпанија) и Јован Веселиновиќ (Србија).

Домаќин на настанот е првенка на Македонскиот балет– Александра Мијалкова заедно со истакнатите солисти: Марија Кичевска, Ивана Коцевска, Васил Чичијашвили (Грузија).
Програмскиот концептот на галата е збир на класични и модерни парчиња и согласно со тоа програмата е поделена во два дела.

You May Also Like