Денови на образование и кариера

Од утре (среда 10 април) до 12 април во хала 2 на Скопскиот саем ќе се одржат Деновите на образование и кариера.

Со своја програма ќе се претстават околу 40 приватни и државни универзитети со повеќе од 170 факултети од Република Македонија и странство. На 2.000 квадратни метри ќе бидат присутни 22 странски изложувачи и 18 домашни. Посебен акцент ќе биде ставен на стипендии кои одредени институции ќе ги доделат за време на саемот.

Партнер на манифестацијата годинава е образовната компанија Сел Глобал од Индија, кој најави отворање на нова меѓународна градинка во Скопје Ст. Пол’с” во Тафталиџе, која е наменета за деца од две и пол до пет години. Таа ќе работи според стандардите на претшколските установи кои функционираат во Канада и Англија. Сел Глобал најавува и изградба на средно училиште според светски стандарди и студентски кампус во Велес.

You May Also Like