Започнува добротворниот пазар во Гевгелија

Од денеска до недела (21 – 23 декември) во галеријата на хотелот Аполонија, 12 – 18 часот, во организација на Фондацијата Аполонија од Гевгелија ќе се одржи Новогодишен добротворен пазар.

Пазарот ќе опфаќа:
Продажба на рачно изработен накит и новогодишни украси од децата учесници во проектните активности на Фондацијата Аполонија,

продажба на домашни печени колачиња донација од родители,

изработка на креативни новогодишни ракотворби, игри, други изненадувања и многу забава се на агендата за овогодинешната работилница.

Сите собрани средства ќе бидат искористени за проектот: „Дејвид ВанДерВеге – Социјализација на децата со посебно образовни потреби во 2013 година“.

Родителите со купување на ракотворбите од децата, го помагаат проектот за социјализација на децата со посебни потреби, даваат позитивен пример на најмладите.

Децата од проектот „Ден со природата“ веќе повеќе месеци, секој викенд по неколку часа, работат на овие ракотворби, па не ја пропуштајте шансата да ги подржите. Последниот ден од работилницата во 16 часот за сите нив ќе организираме предновогодишна забава, со драма, новогодишна музика, и се разбира со доделување на заслужените награди и дипломи со вкупно освоените поени за учество во проектот „Ден со природата“ во 2012 година.

Подари Божиќно пакетче, за оние кои најмногу ќе се израдуваат – 2 и 3 Јануари во Галеријата на хотелот Аполонија од 12 до 18 часот

Ги покануваме сите деца и возрасни да донираат облека, играчки, тегложи со храна кои ќе бидат наменети за 10 социјално загрозени семејства од Гевгелија. Вашата донација ќе стопли нечие срце и нечиј дом.

You May Also Like