Во издание на „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат првиот том од избраните дела на современиот македонски писател, Иван Чаповски под наслов „Песна за стариот комита“, во кој е направен селективен избор од богатиот поетски опус на авторот, создаван во период од пет децении.
Во предговорот кон изданието, поетот и литературен критичар, Раде Силјан, констатира дека „ИванЧаповски е писател со препознатлив глас во современите текови на македонската литература. Неговата поезија е верна слика на долгите човечки патешествија, на крвавите делби и преселби. Таа е химнична и трогателна, сензибилна и медитативна, длабоко доживеана и разбирлива за широк круг на читатели“.
-Поетот градисвестзавреметоизасудбинскитенастаништооставиледлабокитрагивонеговатадуша. Тој е сведок на крвави настани, на болни доживувања, но во исто време е разбиструвач на минатото време, кое постојано го повикува со глас таговен во незаборавните предели на наговиот роден крај во Егејска Македонија. Востиховитенемапатетика, иако во нив честонавевазвукотнапатриотизмот.Целокупниотопус на Чаповски,претставуваеднатематскацелина, којаПаблоНеруда бијанарекол„Сеопштапесна, пишува Раде Силјан во текстот „Препознатлив поетски глас“.