Започнува седмото културно лето „Три Круши“ во Драчево

Денеска (сабота, 16 јуни) во амфитеатарот на верско-рекративниот центар Три Круши, во село Драчево започна традиционалната седмата по ред културно-забавната манифстација „Три круши“.

Сè до 18 август, секој викенд граѓаните ќе можат да следат настапи на ансамбли и културно-уметнички друштва од земјава и странство, како и естрадни уметници, театри и камерни хорови.

По петти пат ќе биде одржан и Детскиот фестивал „Три Круши“ со песнички на деца ученици од основните училишта во општина Кисела Вода.
На отворањето на манифестацијата вечерва ќе настапат хорот „Света Злата Мегленска“, КУД „Јордан Мијалков“, квартетот Пламенка Трајковска, танцовиот клуб „Прима данс“ и пејачите Владо Јаневски и Војо Стојановски.

За отворањето на манифестацијата организиран е бесплатен автобуски превоз до локалитетот Три Круши. Автобусите ќе тргнат од 19 часот од ресторанот Шампионче и Расадник, а попатно ќе застануваат на улицата Првомајска.

You May Also Like