Промоција на книгата „Гуру на радоста“

Промоцијата на најновата книга „Гуру на радоста“ ќе се одржи денеска (понеделник, 02 јуни) со почеток во 19:00 часот во Кино Карпош.

kniga book

Интересен наслов уште поинтересна содржина. Промотор на книгата е актерката Драгана Костадиновска, која воедно и ја преведе книгата од англиски на македонски јазик.

Книгата е исповед на еден француски новинар кој, талкајќи низ темнината и барајќи ја вистината за животот, ненадејно се сретнува со еден од најинтересните духовни учители, Шри Шри Рави Шанкар, голем мудрец со душа на мало дете, кој зрачи со најголемата духовитост и радост. Токму оттаму и произлегува насловот на книгата.

Овој новинар раскажува за интересни ситуации во присуство на неговиот Гуру, неговите патешествија, знаењето кое на толку едноставен, а истовремено хумористичен начин го предава овој Гуру на радоста, кој воедно е и најголемиот хуманитарец и миротворец.

You May Also Like