Синоќа во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп започна Џез Викендот.
На 29-ти август, петок, настапуваат Sarhan – комбинација од Словенија, Индија и Хрватска, чија музика е посебен фјужн на индијска традиционална музика и џез рок и бендот Naked од Србија.
Последната вечер, сабота, 30 август е резервирана за Next to Silence, чии членови се дел од повеќе македонски бендови, за Rambo Amadeus & Two Winetous – кој е еден од најоргиналните и најценети автори и перформери на Балканот, вешто пратен од виртуозите Игор Малешевиќ на тапани и Мирослав Товирац на бас. Легендарните Дисциплина кичме од Србија предводени од нивниот гуру Која, ќе го затворат годинешниот прилепски Џез викенд.
Прилепскиот Џез викенд е во организација на Одделението за култура при локалната самоуправа. Летната сцена на Центарот за култура е локацијата каде се случуваат концертите, влезот е бесплатен, а поечетокот е во 20:00 часот.