Општина Гази Баба по осми пат ја организира спортската манифестација „Отворени забавни фудбалски школи“ која е наменета за најмладите жители на општината.
На 29, 30 и 31 август, во периодот од 18:00 – 21:00 часот на стадионот во населеното место Трубарево, 200 деца од општина Гази Баба на возраст од 6 – 12 години ќе другаруваат и ќе се забавуваат низ спортски игри.
Децата ќе бидат поделени во неколку групи, а спортските активности ќе се изведуваат под водство на обучени тренери и асистенти, предводени од спортски лидери.