Започна со работа Фондацијата „Д-р Михаил Левенски“

Во присуство на семејството и многубројни пријатели и поддржувачи на делото на Д-р Михаил Левенски – еминентни личности од различни сфери на нашето општествено живеење од ширум Македонија, во саботата (10 ноември, 2012) во Драмскиот театар во Скопје, се одбележаа 70 години од раѓањето на Д-р Михаил Левенски со основање на Фондација.

Во спонтана, срдечна и видно емотивна атмосфера, во природен амбиент како среде зелен парк кој никна на  сцената на Драмски театар, прозвуче дел од творештвото на Левенски како писател, поет, драматург, психијатар, истражувач со посебна свртеност кон социјалната патологија, пријател на младите, вљубеник во природата и неуморен хуманист.

 

За него говореа Валентина Божиновска, Проф.Никола Петров, Директорот на Детска Амбасада Меѓаши – Драги Змијанац, Претставник на Црвениот крст на Република Македонија, Д-р Митко Алачки и познатиот писател за деца Киро Донев, сите осврнувајќи се кон посебен сегмент од животот и делувањето на Д-р Михаил Левенски. Говорниците во своите спонтани  беседења внесуваа спомени од нивното пријателување или соработка со Д-р Михаил Левенски, што ја дополни топлината на атмосферата.

 

You May Also Like