Изложба на современи зографи во Охрид

На 23 ноември во Охрид, во Галеријата на Куќата на Робевци, ќе биде организирана традиционална изложба на икони на современи зографи.


Изложбата е во организација на Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид и Куќата на Робевци.
Минатата година меѓу младите уметници од Охрид, на изложбата со своја икона зеде учество и средношколка од Скопје, од средното уметничко училиште „Никола Мартиноски“. И годинава ќе бидат поставени делата на уметниците кои изминатите години творат за потребите на оваа изложба, но ќе биде одвоен простор и за нови.

You May Also Like