Започна Неделата на францускиот филм

Синоќа (четврток, 6 декември, 2012) во киното Милениум, со филмот „Среќата никогаш не доаѓа сама“ беше отворена Неделата на францускиот филм.

Во рамките на Неделата на францускиот филм, на филмското платно ќе бидат прикажани филмови од најнова француска филмска продукција, наменети, пред сè, за широката публика, која преку овој мини-фестивал, ќе има можност да се доближи до најактуелното во францускиот филм.

Ревијата вечер (петок, 7 декември) се сели во киното Фросина,каде на репертоарот од 20:00 часот ќе биде филмот „Име“

You May Also Like