Денес (петок, 7.12. 2012) во 13.00 часот во ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Детски приказни“ на која ќе бидат изложени 40 детски цртежи, создавани во гетото Терезин во Чешка.
Се работи за уникатни цртежи, кои се дел од многуте илјадници цртежи што ги нацртале околу 10 илјади деца, кои поминале во транзитниот логор Терезин.
Изложбата има универзална порака – ужасите од војната да не се повторат вели Маја Суша, потенцирајќи дека се отвора по повод 70 години од Холокаустот на Евреите од Македонија.
Изложбата Центарот за култура ја отвора во соработка со Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија од Скопје, кој ја има помошта на Чешката амбасада во Македонија.