Децата учеа за значењето на Црвениот крст

Децата од големите групи од матичниот објект на градинката „13 Ноември“, присуствуваа на интерактивно предавање реализирано од страна на Катерина  Јанковска, стручен соработник од Црвениот Крст на град Скопје.

Заедно ги споделија и разменија своите искуства од неодамна реализираните активности по повод Неделата посветена на старите лица. Предавањето беше прилагодено на возраста на децата и истото беше збогатено со видеоматеријали, фотографии и едукативни спотови.

Оваа активност ветува заедничка соработка на дел од активностите за негување на хуманоста која е од исклучителна важност за децата од предучилишна возраст. Градинката и Црвениот Крст на град Скопје зацртаа идни активности меѓу кои и потпишување на Меморандум за взаемна соработка помеѓу двете институции.

You May Also Like