Заврши годинешното издание на манифестацијата „Богданско културно лето“ во Богданци …
Со одржување на завршната изложба на седмата меѓународна графичка работилница „Софија“во Богданци беше затворена годинашната манифестација „Богданско културно лето“.
На изложбата беа претставени четириесетина дела кои изминативе десет дена ги работеа 18 уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија со цел младите и талентирани автори да можат да разменуваат искуства и услови за реализација на нивните дела од причина што графиката како техника е помалку застапена во овој регион.
Графичката работилница „Софија“ во Богданци се одржува од 2008 година и до сега во нејзината работа учествувале повеќе од 100 млади графичари од земјите на Југоисточна Европа.
Согласно програмата за финансирање на културни активности, општина Богданци беше главниот покровител на „Богданското културно лето“.