Графики, оперски арии и антички јадења на Бит фест

Денеска (сабота, 18 август, 2012) најдолгото културно лето – Битолското, продолжува со 7-то Интернационално графичко триенале, концерт на оперски арии и запознавање со античките јадења.

Во Заводот и Музеј со почеток во 20:00 часот посетителите ќе може да го проследат седмото по ред Графичкото триенале, меѓународна ликовна манифестација со учество на околу 70 држави од целиот свет.

Истата вечер во концертната сала на Музејот со почеток во 20:30 часот ќе се одржи Концерт на оперски арии во изведба на Марија Наумовска.

На античкиот локалитет „Хераклеа“ со почеток во 21:00 часот ќе се одржи мултимедијалниот проект насловен „Вкусовите на античките јадења“ кој има за цел запознавање со исхраната на старите народи, меѓу кои и античките. Присутните ќе можат да се запознаат со старите рецепти на готвење, како и со начинот на сервирање и однесувањето на маса кај старите народи

You May Also Like