По с.Рајчица – Дебар, Влашка маала – Охрид, с.Присад – Прилеп, с. Лесковица – Штип, с.Паралово – Новаци, с.Дебреше – Гостивар, с.Муртино – Струмица и с.Блатец – Виница …Караванот на ДПМ и организацијата „Почуствувај ја Македонија со шестото сетило-срцето“ патува за Старо Нагоричане.
Утре (недела, 2 Ноември) поетскиот караван ќе го оддржи својот деветти настан во црквата „Св. Великомаченик Георгиј“ во Старо Нагоричане, каде со своја поезија ќе настапат еминентни писатели од Друштвото на писатели на Македонија, а целосната програма ќе биде збогатена со монодрама, музика, ликовна изложба и научна нота од афирмирани професори.
Хуманитарната мисија на караванот продолжува и на овој настан и повторно собраните средства од книгите да се подарат на НОРА (Невладина Организација за Ревматизам и Артритис).
И за овој настан, формирана е анонимна жири комисија, која ќе го одреди деветиот добитник на наградата „Витез на Македонскиот пишан збор“.