АСУЦ го прослави својот патронат

На свеченоста по повод 66 годишнината од основањето на средното училиште „Боро Петрушевски“ присуствуваа голем број членови на советот на Градот Скопје, претставници на градската администрација, како и директорот на СУГС “Боро Петрушевски”, Соња Ристовска.

Денеска, во оваа прилика би сакал да оддадам јавно признание за квалитетната работа на ова училиште во изминативе години. Ова е едно од училиштата кое континуирано создава, работи и напредува. Училиштето  непрекинат овозможува услови за квалитетен воспитно-образовен процес. Покрај големиот придонес за обезбедување на услови за одвивање на воспитно-образовниот процес, за поздрав е и заложбата на училиштето во областа на дополнителните дејности. Развојот на дејностите придонесува финансиско зајакнување на училиштето кое овозможува да се обезбедат подобри услови за учениците, како и развој на практичната настава – истакна градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.

Средното училиште “Боро Петрушевски” во моментов врши едукација на поголем број на образовни профили, како што се техничар за патен сообраќај, техничар за транспорт и шпедиција, автотехничар – мехатроничар, автомеханичар, автолимар, автоелектроничар и каросериски механичар.

Покрај основната дејност, во СУГС “Боро Петрушевски” постои и станица за технички преглед и регистрација на моторни возила, центар за хомологација на моторни возила, автосервис, авто – полигон и автоперална.

You May Also Like