Школски прибор за децата од социјално загрозените семејства

Од денеска (25 август, понеделник) фондацијата „Уметност на живеењето македонија“ организира Недела на хуманоста со цел собирање школски прибор за децата од социјално загрозените семејства.

nedela_na_humanosta_skolski_pribor

Во својата информација Фондацијата „Уметност на живеењето Македонија“ вели: „Се ближи почетокот кога ѕвончето ќе одекне во училиштата и ќе го означи почетокот на новата школска година. Има многу дечиња кои и оваа година нема да можат да ги наполнат своите училишни торбички со потребните моливчиња, тетратки, книги… За таа цел, во понеделник, 25.08 започнува хуманитарната акција за собирање на школски прибор наменет за децата од социјално загрозените семејства. Традиционално и оваа година секој кој сака да допринесе во оваа акција, школскиот прибор може да го донира и да го донесе во продавницата на Биокосмос што се наоѓа позади Работнички дом Кочо Рацин, на паркингот на ССМ, тел 02 240 3768.“

Акцијата ќе трае до 31 август.

You May Also Like