По повод Ден на пролетта и во рамките на националната кампања „Македонија земја на цвеќето-земја на розата“ градоначалникот Тони Трајковски, претседателот на Советот Милан Андоновски, претставници од општината и од бизнис заедницата засадија рози во паркот спроти Агросервис во н. Ченто која е многу фреквентна сообраќајница.
Општина Гази Баба обезбеди 2500 рози, донации од фирмите, Макстил, Миталстил, Европа, Алкалоид, РЖ Услуги и Изум 94 Идризово, за да се реализира оваа еколошка кампања, а донациите беа распределени по основните училишта, градинките како и урбаните и месни заедници кои ги засадуваат розите во своите дворови каде и најчесто го минуваат своето слободно време.
Градоначалникот ја поздрави иницијативата и изрази задоволство што втора година по ред општина Гази Баба учествува во оваа еколошка кампања преку која граѓаните придонесуваат за поздрава и почиста животна средина.