Сценски перформанс „Ротонда – уметност во просторот“ во Прилеп

Вечерва (понеделник, 29 април 2013 година) во 20.30 часот на големата сцена на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, ќе се одржи ликовно сценскиот перформанс „Ротонда – уметност во просторот“ на кој ќе биде презентирано уметничко дело од сликарот Тони Чатлески, во танц кореографија на Кире Миладиноски.

Со перформансот Центарот ќе го одбележи 29 април – светскиот ден на танцот.

Перформансот е спој на уметностите – танцот и сликарството како моја примарна дејност, вели Чатлески.

You May Also Like