Советување „Музејските колекции нè поврзуваат“ на ИКОМ во Крушево

Македонски национален комитет на ИКОМ ќе одржи советување на тема „Музејските колекции нè поврзуваат“ од денес во Крушево …

den na muzeite icom

Здружението Македонски национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) е доброволно, непартиско, невладино, непрофитно и стручно здружение на музејските работници и на граѓаните на Република Македонија. Во него членуваат музејски стручни лица и музеите, а програмите се финансиски подржани од Министерството за културата на Република Македонија. Во рамките на своите програмски цели и задачи МНК ИКОМ организира предавања, трибини, изложби, промоции и советувања. Советувањата секоја година се подготвуваат на теми предложени од ИКОМ – Париз, а се одржуваат во градот на културата во нашата земја.

Советувањето на тема „Музејските колекции нè поврзуваат“ за 2014 година ќе биде одржано на 19 и 20 мај во Крушево, со голем број на музејски професионалци од цела Македонија, како и значителна медиумска покриеност на настанот. Во програмата ќе биде вклучено и одбележувањето на 60 години од Хашката Конвенција (1954-2014), во соработка со МНК Син штит.

Музеите се институции кои имаат способност за поврзување со општеството, реалноста, создавање врски помеѓу посетителите, помеѓу генерациите и културите, и тоа разменувајќи знаења и поврзувајќи го минатото со сегашноста. Главната нишка која поврзува секогаш се музејските предмети и музејските збирки, кои се во функција на културното наследство на општеството и неговото колективно паметење.

Со предложената тема се настојува да се поттикне обновувањето и да се осовремени комуникацијата на релација музејски збирки-предмети-посетители/општество. Важен дел на тој процес е примената на современи комуникациски средства на музеите во контактот со општеството, почитувајќи ги интересите на поединците/групите/општеството. Очекуваните резултати на таквото работење е зголемување на бројот на посетители во музеите, реализација на едукативната програма, која придонесува за јакнење на идентитетот и подигање на културниот стандард на општеството.

Воедно,  на Здружението МНК ИКОМ за доделување на Наградата „18 Мај – Меѓународен ден на музеите“ за 2013 година ја донесе одлуката:

– Наградата Музејски проект на годината се доделува на м-р Мери Стојанова, етнолог – виш кустос од НУ Завод и Музеј – Битола, за проектот насловен „Иванденски празнувања во Ресен“.

– Наградата Музејски работник на годината да се додели на Зоја Богдановска, виш кустос од ЈУ Музеј на град Скопје.

– Посебни Благодарници во категоријата Музејски работник на годината се доделува на Славица Тасева и Александар Цицимов, архитекти советници конзерватори од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица,

– Посебна Пофалница во категоријата Надворешен музејски соработник е доделена на екипата од емисијата „Култура хроника“ од Телевизија Телма.

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 19.05.2014 година, 20:30 часот во хотел Монтана Палас – Крушево.

You May Also Like