Свеченоста на прогласувањето на Багдад за престолнина на арапската култура се одржа завчера (сабота, 23 март) во централниот градски парк Заура.
На свеченоста ссе обратија Ирачкиот премиер Нури ал Малики и лидерот на Арапската лига Набил ал Араби.
Багдад во текот на целата година ќе биде домаќин на концерти, изложби, литературни читања и танцови изведби.
Ирачкиот главен град минатата година прослави 1250 години од своето постоење.