Викендов (8 и 9 јуни 2013 година) се одржа дводневен „Фестивал на традицоналната култура од прекуграничниот регион Ќустендил – Крива Паланка“ во рамките на проектот „Културното наследство на нашите предци – духовен столб на нашата заедничка европска иднина“, од ИПА Програмата за Прекугранична Соработка на којa како проектен партнер учествуваше општина Крива Паланка.
Првиот дел од Фестивалот се одржа на 8. јуни (сабота) 2013 година на Градскиот плоштад во Крива Паланка, при што посетителите имаа можност да проследат богата програма сочинета од:
– Презентација на традиционални детски игри насловена како „Игрите на баба и дедо“ при што беа претставени игрите Игра со конец, Пет камчиња, На бишка, Ашици, Дама, Плочка (Кленџик), Кибритче, Б’з и Прстенче. (Р. Македонија) и Играј здраво, Ритни шапка, Ште ти взема шапката, На кизија, На држави, На пиленца и орел (Р. Бугарија)
– Ревија на традиционална народна носија од пограничниот регион Крива Паланка – Ќустендил
– Изведба на народни песни и танци
На вториот ден од фестивалот кој се одржа на 9. јуни (недела) 2013 година во манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ беше изведена Презентација на традиционални јадења од Крива Паланка и Ќустендил во рамките на којашто домаќинките од пограничниот регион имаа можност да се претстават пред посетителите со своите кулинарски знаења и умеења.
Децата при Драмското Студио на Н.У. Центар за култура – Крива Паланка приредија демонстрација на народниот обичај Прочка/Поклади, додека Фолклорната група „Красота“ и учениците од клубот „Применета уметност и етнографија“ при Петто основно училиште „Христо Ботев“, Ќустендил презентираа Ритуал на замесување на обредно лепче
Во рамките на дводневниот фестивал посетителите имаа можност одблизу да се запознаат со живата традиција и култура од пограничниот регион Крива Паланка – Ќустендил, да се запознаат со разновидностите како и сличностите во традиционалните вредности од двете страни на границата, а пак децата (учесници и посетители) преку игра и дружба да го почувствуваат духот на времето на нивните предци.
Во дводенвниот „Фестивал на традицоналната култура од прекуграничниот регион Ќустендил – Крива Паланка“ учество зедоа:
Ученици од ООУ „Илинден“, с. Конопница – Крива Паланка
Ученици од ООУ „Илинден“, с. Мождивњак – Крива Паланка
Ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка
КУЗ „Фолклористи“
Клуб на пензионери „Достоинствена старост“ при ОО Црвен Крст – Крива Паланка
Ученици од Прво основно училиште Св. Св. Кирил и Методиј, Ќустендил
Ученици од Гимназија Неофит Рилски, Ќустендил
Ученици од Професионална гимназија по туризам „Никола Јонков Вапцаров“
Фолклорна група „Красота“ с. Долно село, со уметнички раководител Миродинка Василева и учениците од клубот „Применета уметност и етнографија“ при Пето основно училиште „Христо Ботев, Ќустендил
Танчерска група „Партнери“- Ќустендил