Поетскиот караван „Почуствувај ја Македонија“ патува за Блатец

Друштвото на писатели на Македонија и младинската организација „Почувствувај ја Македонија“ го најавуваат осмиот настан од поетскиот караван при проектот „Почувствувај ја Македонија со шестото сетило – срцето“.

poetski_karavan_selo_blace_vinica

 

По Дебар, Охрид, Прилеп, Штип ,Новаци, Гостивар и Струмица, караванот патува во Виница. Настанот ќе се одржи на 26 октомври (недела), во манастирот „Св. Ѓорѓи“ – с. Блатец – Виница, во 12 часот.

На овој настан, со својата поезија ќе настапат:

– Глигор Стојковски

– Ивица Џепаровски

– Михаил Ренџов

– Павлина Климкар Мејанџиева

– Иван Чаповски

– Милош Линдро

Програма на овој настан ќе биде збогатена со:

– настап на Мите Грозданов со изведба на монодрамата „Одбраната на Св. Кирил пред папската столица во Рим“

– Проф. др. Вера Стојчевска Антиќ со осврт на виничката афера

– Проф. др. Димитар Пандев со осврт на вечната тема „Св. Ѓорѓи“

– Оперската певица Серафина Фантаузо со изведба на „Ave Maria“

– Хуманистот Живко Поповски – Цветин со своите цветни пораки за мир

– Уметничка изложба на Здружението на уметници УМ – Виница

– Рецитал за Светлана Христова Јоциќ изведен од младата Маријана Николова

– Музичкото дуо Signature составено од од Нина Милановиќ – виолина и Трајанчо Стојановски – гитара

Во неофицијалниот дел на програмата ќе се престават и поети кои не се дел од Друштвото на писатели на Македонија,Павлина Пејковска и Николина Шахова

Настанот ќе биде модериран од Сузана Апостолова.

Официјалните фотографи кои ќе ја овековечат манифестацијата се Каролина Пандовска и Силвија Стојановска.

Хуманитарната мисија на караванот продолжува и на овој настан и повторно собраните средства од книгите да се подарат на НОРА (Невладина Организација за Ревматизам и Артритис).

И за овој настан, формирана е анонимна жири комисија, која ќе го одреди седмиот добитник на наградата „Витез на Македонскиот пишан збор“.

You May Also Like