Конкурс за избор на најдобра фотографија на Град Скопје

Град Скопје ги потсетува сите заинтересирани, дека за пет дена истекува рокот за пријавување за конкурсот за избор на професионална и аматерска фотографија и ги поканува професионалците, аматерите и учениците, вљубеници во фотографирањето да конкурираат согласно со утврдените критериуми.

Град Скопје
Град Скопје

Теми на фотографиите со коишто ќе може да конкурираат се следниве:

– Скопје – Градот што се менува
– Старата скопска чаршија и знаменитостите,
– Водите и убавините на Скопје

Наградените фотографии дополнително да бидат доставени во оригинален формат, односно фотографија 30/40 см и во дигитален TIFF формат, со висока резолуција.

Изборот на фотографиите ќе го изврши Комисија формирана од Градоначалникот на Град Скопје, според критериумите утврдени во Конкурсот.

Избраните фотографии, ќе бидат наградени и по потреба откупени од Град Скопје. За секоја од трите теми ќе се доделуваат по три награди, односно:

Првата награда изнесува 18 000 денари, втората 15 000 денари и трето наградените фотографии ќе добијат по 7 000 денари.

Конкурсот што за прв пат го распишува Град Скопје завршува на 20.12.2011 година, по што ќе бидат оценети пристигнатите трудови и ќе бидат доделени наградите за најдобрите професионални и аматерски фотографии. Пријавите за Конкурсот што нема да бидат доставени во наведениот рок нема да бидат разгледувани.

Заинтересираните, преостанатите информации за учество на конкурсот може да ги добијат на официјалниот портал на Град Скопје: www.skopje.gov.mk.

 

You May Also Like